Каранмараш, град во јужна Турција беше еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделник, 6 февруари, во раните утрински часови. Градот се тресеше двапати, првиот пат кога земјотресот беше со јачина од 7,8 степени, а вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше доволно голем број на висококатници буквално да се урнат како куќи од карти, понесувајќи илјадници луѓе со себе во смрт.
Неколку дена по земјотресот на Твитер се појави слика, а потоа се појави и на Редит, а на неа може да се види зграда, која буквално е недопрена, дури нема ниту испукани ѕидови или други оштетувања додека се околу неа е разурнато. Сцената е надреална како да е апокалипса. Тоа беше доволно за да го привлече вниманието на твитеџијата Мaхир Уктраш, кој сподели две слики од зграда.
Луѓето на Твитер се прашуваа на кому му припаѓа оваа зграда. Набрзо дојде одговорот.
„Зградата на сликата е во сопственост на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери Кахраманмарас. Ова кажува се. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти што ќе преживеат таков голем земјотрес. Се додека науката и технологијата се аплицираат за доброто на народот!“, напиша Улташ на Твитер.
Сликата беше и повод да се почне и полемика како и зошто се урнаа околните згради, а оваа остана недопрена.
Еден од корисниците на Твитер му реплицираше на Улташ.
„Секако дека градбата е цврста, но најголемата причина зошто не е срушена е што има 2 ката, добро го познавам Мараш, половина град беше нива на меко тло и секогаш се градеа згради со по 9 или 10 ката, но западната страна на градот има потврдо тло, така што таму уништувањето беше помало“.