ВИДЕО: Огромни експлозии во предградијата на Бејрут, десетици мртви и околу 150 ранети

Од:

Минатата ноќ во Бејрут се слушнаа повеќе големи експлозии, а мета на воздушните напади беше функционерот на Хезболах Хашем Сафиедин. Во последните 24 часа во израелските напади врз Либан загинаа 37 лица, а 151 лице беа ранети.

Јужното бејрутско предградие Дахија, упориште на вооружената група Хезболах, поддржана од Иран, беше погодено околу полноќ од повеќе од десет израелски воздушни напади, изјавија либански безбедносни извори и жители, пренесува Ројтерс. Либанското Министерство за здравство соопшти рано утрово дека во израелските напади врз Либан во изминатите 24 часа загинале 37 лица, а 151 се ранети.

Нападите започнаа откако Израел им нареди на луѓето да ги напуштат своите домови во делови од областа, изјавија за Ројтерс жителите и безбедносните извори.

Цел на воздушните напади бил функционерот на Хезболах Хашем Сафиедин, наводниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала во подземен бункер, изјави известувачот на Аксиос, Барак Равид на Х, цитирајќи тројца израелски официјални лица. Судбината на Сафиедин е нејасна, рече тој.

Хезболах минатата ноќ започна нови напади, таргетирајќи ја, како што ја нарече, израелската „база Сахнин“ за воена индустрија во заливот Хаифа на израелскиот брег на северниот дел на Средоземното Море со низа ракети. Најмалку осум израелски војници загинаа во судирите со Хезболах во јужен Либан.

Израел, кој речиси една година се бори со Хамас на палестинската територија Газа, испрати војници во јужен Либан во вторникот по две недели интензивни воздушни напади во влошениот конфликт што го вклучува и Иран и се заканува да ги вклучи САД.

Групата седум земји, која ги вклучува САД, Велика Британија и сојузниците, во четвртокот го осуди иранскиот ракетен напад и ја потврди посветеноста на Израел за безбедноста. Групата повика и на воздржаност, прекин на огнот во Газа и крај на непријателствата во Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа