(ВИДЕО) Одрон на дрвја поради невремето кое ја зафати Словенија

Од:

Видео кое беше споделено на социјалните мрежи покажува одрон на дрвја поради невремето кое вчера ја зафати Словенија.

Како што може да се види на видеото, дрвјата прво паднаа на патот лоциран во населбата Грашки гори во Словењ Градец, на северот од Словенија. Корени се „лизнаа“ од ридот покрај патот.

Сето ова го снимил случаен минувач кој навреме застанал пред инцидентот и ја снимил оваа неверојатна сцена. Обилните дождови во Словенија во петокот предизвикаа опасни поплави во кои загинаа најмалку три лица.

Податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО) покажуваат дека во делови од северна, северозападна и централна Словенија паднале над 100 милиметри дожд во рок од 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте