ВИДЕО: Од Украина кај соседите веќе пребегале над 1,5 милиона лица

Од:

Од Украина во последните 10 дена веќе си заминале повеќе од 1,5 милиона лица и се преселиле во соседните земји, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, напиша на Твитер комесарот на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Се очекува бројот на бегалци кои од Украина преминаа во Полска денеска да надмине еден милион.

Полските податоци покажуваат дека само вчера границата со соседна Украина ја минале 129.000 лица, што е рекорден ден од почетокот на рускиот напад.

На мажите на возраст за мобилизација им е забрането да ја напуштат земјата, така што границата ја минуваат повеќето жени и деца.

Во овие 10 дена војна во Романија пребегале 227.000 Украинци, а 163.000 влегле во Унгарија и 114.000 во Словачка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород