ВИДЕО: Објавени снимки од внатрешноста на опожарениот авион во Шереметјево

Од:

Објавени се снимки од внатрешноста на рускиот авион што се запали на аеродромот Шереметјево. Во несреќата загинаа најмалку 41 лице.

Снимките од опожарениот авион сведочат за тоа како огнот ја проголтал опашката на авионот.

Во внатрешноста се гледа дека е уништен скелетот на рускиот авион СЈ-100.

Авионот на Аерофлот СУ 1492 кој летал од Москва до рускиот град Мурманск, мораше да се врати во Шереметјево, откако пријави технички проблеми, помалку од половина час по полетувањето.

Поради оваа сериозна несреќа, беше прогласена тридневна жалост во Русија.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски