Британските медиуми објавија видео на кое едно лице се заканува дека ќе ја убие кралицата.
Се смета дека на снимката е 19-годишното момче кое на Божик беше уапсено во замокот Виндзор. Осомничениот Џасванта Синг Чаил е третиран според Законот за ментално здравје.
Џасванта снимката им ја испратил на пријателите преку Снапчет во 8.06 на божиќното утро, 24 минути пред да биде уапсен.
It’s been revealed a 19-year-old intruder who was arrested in the grounds of Windsor Castle was armed with a crossbow – and it’s claimed he intended to assassinate the Queen. https://t.co/TWh1KQycs4 @MKarstunen #7NEWS pic.twitter.com/ADMQh9WWut
— 7NEWS Sydney (@7NewsSydney) December 27, 2021
„Жал ми е за она што го направив и што ќе направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година. Тоа е исто така одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Моето име беше Џасвант Синг Чил, сега се викам Дарт Џонс“, рече тој.
Во моментот на апсењето бил на 500 метри од приватната соба на Кралицата. Ќаил кој е познат како Џас бил вооружен со самострел, а преку оградата на дворецот се качил со скали направени од јаже.
На објавеното видеот, Џас зборува со изменет глас, лицето му е пкриено со маска инспирирана од серијалот „Војна на ѕвездите“.
Тинејџерот е процесуиран во склад со Законот за ментално здравје затоа што лекарите го прогласија дека е неспособен за судење. Сепак според британските медиуми, открититето за однапред испратеното видео отвора нова димензија на случајот.