ВИДЕО: Објавена снимка од мистериозен црн круг на небото над Москва

Од:

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, објави видео за кое тврди дека го снимиле жители на Москва. На видеото се гледа црн круг на небото над руската престолнина, а Герашченко едноставно праша „Што се случува овде“.

Освен неколку духовити одговори како „Окото на Саурон“ или „Злобната вештерка од Западот јаваше метла“, некои понудија објаснувања за необичната примерок на чад. Некои направија паралела со изборот на папата. „чадот е црн, па се уште не е избран новиот претседател. Но, гласањето во внатрешниот круг продолжува“.

„Нешто експлодираше, не изгоре, а облакот се стркала нагоре, се рашири и стана прстен – но што експлодираше?“, пишува еден корисник. Друга теорија е дека тоа е издувниот столб на старите борбени авиони што Русите го извадиле од складиштето.

Еден од корисниците понуди убедлива теорија. Сличен прстен од чад бил забележан и во Јоркшир, Англија, а подоцна противпожарната служба потврдила дека се работи за феномен кој може да се случи по топовски истрели. Но и во тој случај останува прашањето каков вид на пукање се случи во руската престолнина.

Имаше и такви кои посочија дека можеби станува збор за чисто метеоролошки феномен.

Би можело да ве интересира

Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Ана Ололовска

Сијарто: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, тоа конечно треба да го сфатат сите

Ана Ололовска

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

Две лица загинаа во гранатирањето на регионот Белгород

Ана Ололовска

Русија: Ќе се вратиме во СТАРТ доколку САД го сменат непријателскиот став

Ана Ололовска

Украинската нуклеарна централа веќе три месеци е без резервно напојување

Ана Ололовска