ВИДЕО: Објавен крај на општата опасност, отворено небото над Израел

Од:

Израелските безбедносни власти објавија крај на општата закана во раните утрински часови по големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети, а Израел повторно го отвори својот воздушен простор од 7:30 часот утрово. Укинувањето на предупредувањето значи дека жителите повеќе не мора да останат во близина на засолништа за воздушни напади. Се вели дека се очекува да има пореметувања во распоредот на летови од Тел Авив и дека патниците треба да го проверат времето на летот.

Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и крстаречки и балистички ракети кон Израел во текот на ноќта, од кои 99 отсто беа соборени, соопшти во денеска израелската војска, додавајќи дека вооружените сили остануваат целосно функционални и разгледуваат дополнителни опции.

На телевизиски брифинг, главниот воен портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари, ги нарече акциите на Иран „многу сериозни“ и рече дека тие „го туркаат регионот кон ескалација“.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса