Поранешниот американски претседател, Барак Обама, облечен како Дедо Мраз, ненајавено ги посети болните деца во болница во Вашингтон.
Со капа на главата и ранец на грбот, тој им ги разубави болничките денови на малите пациенти на кои им делеше подароци.
„Само сакам да им се заблагодарам на сите. Имав можност да разговарам со прекрасни деца и нивните семејства. Како татко на две девојчиња, можам да замислам дека во оваа ситуација е најважно е да се има персонал, лекари и медицински сестри што се грижат за нив, бдеат и тука се за нив, да ги држат за рака“, се слуша како зборува Обама на видеото објавено на „Твитер“ на детската болница во Вашингтон.
Судејќи според големиот аплауз на стотиците луѓе што се собраа, пациентите и вработените во болницата, популарноста на поранешниот претседател не се намали, оцени француската агенција.