ВИДЕО: Новa крвавa драма во Америка – четворица мртви во утринска престрелка во Чикаго

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а четворица други се повредени рано утринава по локално време, во пукање во населбата Енглвуд во Чикаго, соопшти полицијата, повикувајќи се на прелиминарните податоци од увидот.

Според полицијата, пукањето се случило во куќа, во која биле собрани повеќе луѓе, кои влегле во расправија што ескалирала.

-Полициските службеници околу 5.40 часот добиле пријава за повеќе застрелани лица, изјави портпаролот на полицијата.

Најмалку четири лица загинаа, а четворица се хоспитализирани. Двајца од нив се во критична состојба, а не е позната состојбата на другите, рече тој.

Еден човек, на непозната возраст, бил застрелан во задниот дел од главата и хоспитализиран во болница. Уште еден маж, на возраст од 25 годинби, исто така, бил застрелан во задниот дел од главата и сместен во истата болница. Една жена е во критична состојба и е хоспитализирана во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Со прострелна рана во грбот во болницата Сент Бернард дошол и 23-годишен маж, од каде во критична состојба бил префрлен во медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Засега не се знае ништо повеќе околу мотивите за крвавиот инцидент, кој е еден од низата слични случаи со пукање кои изминативе недели се случија насекаде низ САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел