ВИДЕО: Невиден обид за грабеж на автопат во Италија- експлозии, пукање, запалени автомобили

Од:

„Терор на автопатот А1 во Италија, „Модена, автопат од пеколот“, ова се само дел од насловите во италијанските весници по обидот за грабеж на блиндирано возило во близина на Модена.

Инцидентот се случи на главниот италијански автопат кој ги поврзува Милано и Наполи. Автопатот беше блокиран од понеделникот навечер до утрово.

Разбојниците за кои италијанските медиуми тврдат дека се припадници на мафијата, прво ги дупнале гумите и со тоа спречиле возилото да се движи. Набрзо потоа се слушнале три екплозии велат сведоците. Крадците ги кренале во воздух автомобилите со кои дошле, а за кои било потврдено дека се украдени. Пукале во воздух за да ги заплашат сите што биле во близина.

Сепак, разбојниците не успеале да го отворат возилото во кое наводно имало околу два милиони евра. Нема повредени меѓу цивилите, а двајцата возачи на возилот се пуштени од болница со полесни повреди.

Напаѓачите се во бегство.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Силна експлозија во Холандија