(ВИДЕО) Ненадејна посета на Орбан кај Зеленски: „Побарав прекин на огнот и преговори“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска престојуваше во ненадејна посета на Киев, главниот град на Украина, каде се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тоа беше прва посета на унгарскиот премиер на Украина по речиси две и пол години војна.

Голем дел од Западот го смета Орбан за европски лидер кој е веројатно најблизок до Владимир Путин. Тој постојано го критикуваше испраќањето на воена помош од Западот до земјата, поради што светот со голем интерес ја следи денешната ненадејна посета на Орбан на Киев.

По средбата, Орбан и Зеленски излегоа пред новинарите и одржаа заедничка прес-конференција.

„Го замолив претседателот Зеленски да размисли дали е можно да се направи пауза (во борбите), прекин на огнот, а потоа да започне преговори“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со Зеленски. На прес-конференцијата унгарскиот премиер ги пофали мировните иницијативи на Украина, но рече дека тие „траат предолго“.

Според украинските медиуми, Орбан и Зеленски разговарале за долгогодишните проблеми меѓу двете земји и чекорите кон подобрување на односите.

Посетата доаѓа во време кога Унгарија го презема ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Будимпешта постојано се противеше на пристапувањето на Украина во НАТО и ЕУ, санкциите против Русија, ги поткопуваше напорите на Западот да и помогне на Украина и одржуваше блиски односи со Москва во текот на целата војна. Ова доведе до влошување на односите меѓу Украина и Унгарија, кои веќе беа затегнати пред 2022 година.

По билатералните разговори, Зеленски и Орбан пред новинарите изјавија дека нивната средба е важен чекор кон решавање на долгогодишните проблеми меѓу двете земји.

„Содржината на нашите денешни разговори може да стане основа за иден билатерален договор меѓу нашите земји, кој ќе ги регулира нашите односи“, рече Зеленски, а пренесува „Европска правда“.

„Сакаме да воспоставиме односи меѓу нашите земји и да потпишеме договор за соработка со Украина сличен на оние што Унгарија веќе ги потпиша со другите соседи“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, понуди поддршка за модернизацијата на Украина, го пофали напредокот во решавањето на прашањето за унгарското малцинство во земјата и предложи Зеленски да размисли за прекин на огнот со Русија како побрз пат кон мирот.

Киев претходно отфрли привремен прекин на воените дејствија, велејќи дека тоа само ќе обезбеди можност за Русија да ги прегрупира своите сили. Наместо тоа, Украина и Швајцарија организираа глобален мировен самит во јуни без Русија за да разговараат за можните чекори кон мирот.

Орбан и Зеленски исто така се договорија да го отворат првото училиште за деца што зборуваат украински јазик во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп