ВИДЕО: Навални приведен по слетувањето во Москва

Од:

Рускиот опозиционер Алексеј Навални е приведен веднаш по слетувањето на неговиот авион со кој од Берлин се врти во Москва. Информацијата ја потврдија Федералната служба за извршување казни како и неговиот адвокат.

Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.

Навални и покрај заканата да биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886 евра).

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски