(ВИДЕО) Насилни протести во Париз: Искршени излози, запалени барикади

Од:

Ниту на 1 мај, претседателот Емануел Макрон не беше поштеден од протестите на синдикатите ширум земјата.

„Овој 1 мај ќе биде пресвртница“, рече Софи Бине, лидер на левичарскиот синдикат Се-Же-Те, надевајќи се дека повеќе од милион луѓе се собраа на плоштадите.

Таа посочи дека ќе послужи да се каже дека работниците нема да продолжат понатаму додека не се повлече пензиската реформа.

Одлуката да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64 години, го чинеше Макрон неговата популарност, која падна на најниско ниво од протестите на Жолтите елеци.

Беа забележани и жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Париз. На булеварот Волтер, во близина на метрото Шарон, како и на плоштадот Леон Блум беше многу тензично.

Излозите на продавниците се искршени, а целта обично е она што најрадикалните го сметаат за симболи на либералниот капитализам, како што се излозите на банките, осигурителните компании или рестораните за брза храна.

Немирите ги водат „црните блокови“, чии членови дојдоа од странство. Демонстрантите запалија барикади и фрлаа камења и огномети кон полицијата. Полицаец е повреден од фрлен „молотов коктел“ во Париз и на помош му дошле колегите.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна