ВИДЕО: НАСА заби вселенско летало во астероид

Од:

НАСА доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Ова се смета за историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот.

Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот.

Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името на НАСА за објект блиску до Земјата, астероид или комета, што може да се приближи до орбитата.

ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да го смени движењето на опасен објект со цел да се спречи истиоот да удри во Земјата, изјави директорот на вселенската мисија Томас Зурбухен.

Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО, најмалку 30 до 50 метри, што кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти.

Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид пред околу 66 милиони години остави огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите.

Вселенското летало ДАРТ е тешко 610 килограми со димензии 1,8 на 2,6 метри, а беше лансирано во ноември 2021 година од Калифорнија со ракетата Фалкон 9 на компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX). Леталото удри во астероидот Диморфос со брзина од 6,6 километри во секунда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега