ВИДЕО: Нападот на Иран на Израел траеше неколку часа, лансирани се над 300 дронови и ракети

Од:

Иранскиот напад врз Израел со 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици, бидејќи огромното мнозинство од нив беа пресретнати и соборени. Израелската војска објави дека „повеќето“ беспилотни летала и ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана и „во соработка со стратешките сојузници на Израел пред заканите да стигнат до израелска територија“.

Мал број проектили земја-земја го погодија Израел, при што беше повредено едно девојче. Оштетена е и воена инсталација на југ. Иран во саботата вечерта лансираше низа беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа седум офицери на Револуционерната гарда. Тоа беше првиот директен напад на Иран врз Израел од негова територија во историјата.

Во Израел беше прогласена тревога за воздух, се слушаа сирени и експлозии, но главно тоа беа звуците на пресретнување и соборување на иранските дронови. Заедно со израелските сили, во ова учествуваа и британски, американски и јордански авиони кои соборија ирански беспилотни летала над Сирија, Ирак и Јордан.

Би-би-си пишува дека Иранците веројатно сакале да ја оптоварат противвоздушната одбрана на Израел со евтини беспилотни летала за крстаречките и балистичките ракети да имаат поголеми шанси да ги погодат своите цели. Ова е тактика која веќе е видена во Украина. „Израел, сепак, не е Украина. Воздухопловните сили на Израел се многу способни. Згора на тоа, Израел има различни противракетни системи кои тешко се совладуваат, а освен тоа им помагаат американски и британски авиони“, пишува Би-Би-Си.

Иран соопшти дека со оваа акција одмаздата за нападот може да се смета за завршена. „Во случај израелскиот режим да направи уште една грешка, одговорот на Иран ќе биде значително поостар“, се вели во објавата на иранската мисија во ОН на социјалната мрежа „Х“. држете се настрана“, се заклучува.

Израелските медиуми сепак пишуваат дека може да се очекува израелски одговор. И тоа значајно. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се консултира со својот потесен круг министри за тоа како да одговори, пишува Хаарец. Американскиот претседател Џо Бајден, кој во петокот го предупреди Иран да не го нападне Израел, откако рече дека таквото сценарио се чини неизбежно, вети дека ќе застане со Израел против Иран, соопшти Белата куќа.

Бајден и Нетанјаху разговараа телефонски утрово. Денеска попладне, пак, на барање на Израел ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан