ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Од:

Отпадоците кои паднаа од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на регионот.

„Според првичните информации нема повредени, а се проценува материјална штета“, напиша гувернерот Павел Малков на апликацијата за пораки Телеграм. Тој не прецизираше за која компанија се работи, но потврди дека службите за итна помош се на терен.

База, информативен канал на „Телеграм“ близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во Рјазан, која е во сопственост на Роснефт. Украинците се уште не се изјасниле.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа пожарот што избувна по нападот.

Би можело да ве интересира

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Трамп го потпиша законот за новите санкции за Русија

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“