(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Од:

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и воената администрација на главниот град на Украина.

Цела Украина беше во воздушна готовност од два часот по Гринич, откако воздухопловните сили на земјата предупредија за напад, вклучително и во регионите што граничат со Полска, принудувајќи ја членката на НАТО да приземји авиони за да се обезбеди воздушна безбедност.

– Пожари се регистрирани во најмалку три области на Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграм.

Лекарите хоспитализираа двајца цивили во областа Дарнитски на источниот брег на реката Днепар, која го дели градот, додаде тој.

„Не ги напуштајте засолништата! – изјави Кличко.

Очевидци на Ројтерс слушнале неколку силни експлозии за кои рекоа дека звучеле како операција за воздушна одбрана.

„Пожари избувнаа во областите Дарница, Соломјанка и Оболон. Во Дарница има повредени. Медицинските и итните служби се на терен“, додаде Кличко.

Посебно тешка ситуација е забележана во Оболон, каде по нападот избувнал пожар во деловен центар, а зградата делумно се урнала. Спасувачките екипи се уште се на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април