(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

Од:

Се појави прво видео на кое наводно се гледа како украинскиот државен обвинител Руслан Кравченко ја напушта земјата во текот на ноќта поради „итно патување во странство“, пренесува Caliber.az.

Самиот Кравченко соопшти дека е на службено патување во странство.

„Украинска правда“ пренесува дека Кравченко, кој неодамна поднесе оставка среде нова истрага од страна на антикорупциските органи, синоќа ја напушти земјата за наводно петдневно службено патување во Париз.

Во примерокот од налогот на државниот обвинител пишува дека Кравченко патува за да учествува на настан на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пренесува украинскиот весник, наведувајќи сепак дека неговото име не е на списокот на учесници.

„Украинска правда“ додава дека Кравченко ја премина границата со службено возило во 2:30 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски