Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ја обвини Европа дека е „немоќна и зборува само за војна“ и не презема ништо за да го запре конфликтот во Украина, ветувајќи дека лично ќе се бори за ставање крај на, како што наведе, „таа одвратна војна“.

Ќе се борам да запре таа одвратна војна. Неверојатно е. Немоќта на Европа е страшна, порача Бабиш – облечен во маица со слоганот „НЕ ЗА ВОЈНА“ – во своето редовно неделно видео-обраќање на Фејсбук.

Според него, Европа воопшто нема желба да разговара за мир.

Не сакаат. Сите зборуваат само за војна. И тоа е одвоено од фактот дека очигледно мораме да се вооружуваме и да бидеме подготвени доколку нешто се случи. Но, каде е иницијативата на Европа? Трамп разговара со Путин, а треба и ние, како Европа, да направиме сè за да ја запреме таа војна, рече Бабиш.

Би можело да ве интересира

Хуманитарната мисија во Олешки е успешно завршена – сите страни го испочитуваа договореното

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва