ВИДЕО: Напади на северот на Израел, прекинати летови за Бејрут и Тел Авив, илјадини Либанци бегаат од домовите

Од:

Израелската армија соопшти дека утринава меѓу 09:30 и 09:45 часот по локално време неколку десетици ракети биле истрелани кон северен Израел.

Некои беа пресретнати од противвоздушна одбрана, додека дел паднаа на израелска територија.

Хезболах објави дека ја бомбардирал населбата Кирјат Шмона со налет на ракети.

Бритиш ервејс соопшти дека ги откажа своите летови до и од Тел Авив до среда.

„Безбедноста е секогаш наш највисок приоритет и ги контактираме патниците за да ги информираме за нивните можности за патување“, се вели во соопштението на British Airways.

Веб-страницата за следење летови Flight Radar покажува дека и други авиокомпании ги откажале летовите до Тел Авив, вклучувајќи ги Wizz Air и Азербејџан ерлајнс.

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ објави дека до утре привремено ги прекина летовите од и до Бејрут.

„Безбедноста на нашите патници останува наш најголем приоритет“, се вели во соопштението, според извештајот на новинската агенција АФП.

Германските „Луфтханза“, „Ер Франс“ и „Делта ерлајнс“, исто така, ги прекинаа летовите за Бејрут во последните денови, а погодени се и услугите на некои авиокомпании кон Израел и Иран, се вели во извештајот на АФП.

Минатата недела, Катар ервејс, како и иранската национална авиокомпанија Хома, им забранија на патниците да носат пејџери и воки-токи на летовите за Бејрут по серијата експлозии.

Неколку училишта на северот на Израел денеска се затвораат, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно оваа недела, училиштата во областа Хаифа и понатаму на север беа затворени, но сега се затвораат и во други градови каде што е забележан ракетен истрел долж северната граница.

Во меѓувреме, либанското Министерство за образование објави дека сите училишта ќе останат затворени.

Некои училишта во Бејрут и други места сега се користат како засолништа за луѓето кои ги напуштиле своите домови од јужен Либан.

Во меѓувреме, илјадници Либанци бегаат од јужниот дел на земјата кој е под константни напади од Израел. Снимките покажуваат колони возила со цели семејства кои се обидуваат да се извлечат од кризниот региион. Вчера, Израел го изведе најсмртоносниот напад од 2006, либанското Министерство за здравство објави дека се убиени 492 лица.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите