Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Од:

Хамас соопшти дека нема да премести живи израелски заложници од областите во Појасот Газа за кои израелската армија (ИДФ) нареди да се евакуираат последните денови, наведувајќи дека израелската влада ќе биде одговорна доколку заробениците бидат убиени, пишува Тајмс оф Израел.

ИДФ издаде наредби за евакуација на целата област Рафах, населбата Шеџаја во градот Газа и други области во северниот дел на Појасот Газа, околу две и пол недели по обновувањето на борбите поради пропаѓањето на договорот за прекин на огнот и размена на заложници.

„Половина од живите израелски затвореници се во областите кои израелската окупациска армија побара да ги евакуира во последните денови“, рече Худаифа Кахлут, позната по името на герре Абу Обеида, портпарол на военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам.

„Одлучивме да не ги преместуваме овие затвореници од тие области и да ги држиме под строги безбедносни мерки кои се исклучително опасни по нивните животи“, рече Абу Обеида во изјавата објавена на арапски, хебрејски и англиски јазик.

Тој додаде дека „ако непријателот се грижи за животите на овие затвореници, мора веднаш да преговара за нивна евакуација или ослободување“.

„Владата на Нетанјаху сноси целосна одговорност за животите на затворениците. Ако се грижеа за нив, ќе се придржуваа до договорот потпишан во јануари. Повеќето од нив веројатно денеска ќе беа дома“, додаде Абу Обеида.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД