ВИДЕО: Најмалку 50 загинати и повеќе од 200 повредени при напад на концерт во Лас Вегас

Од:

При напад со автоматско оружје на фестивал за кантри музика во Лас Вегас има најмалку 50 мртви и повеќе од 200 повредени, според првичните информации кои што ги објавија американските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија слики и од луѓе како бегаат од концертот, а на некои видеа може да се слушнат и звуци на автоматско оружје.

Нападот се случил во блиина на казиното „Менделеј Беј“ во центарот на Лас Вегас, за време на фестивалот „Route 91 – Harvest“.

Според засега непотврдени информации, напаѓачот стрелал од 32. кат на хотелот, откако застрелал припадник на обезбедувањето. Полицијата во Лас Вегас потврди дека еден од осомничените напаѓачи во хотел во градот е ликвидиран и истакнаа дека не веруваат дека има и други напаѓачи.

Властите го затворија целиот реон околу хотелот и забранија летови од меѓународниот аеродром Меккаран.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност