ВИДЕО: Напад на воздухопловна база во Русија, тројца загинати

Од:

Се истражува инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов, но нема штета на цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер по медиумските извештаи за експлозии во базата. Украинските и руските медиуми јавија дека по полноќ се слушнале експлозии во воздухопловната база Енгелс, на стотици километри од линијата на фронтот во Украина.

„Немаше итни случаи во станбените области на градот, рече Роман Бусаргин, гувернер на регионот. „Нема апсолутно никаква опасност за жителите, не се оштетени објектите на цивилната инфраструктура“, додаде тој.

Новинската агенција РБК-Украина јави дека се случиле две експлозии.

 

Во нападот загинаа тројца воени лица, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Тие наведуваат дека нападот бил извршен од украинско беспилотно летало, кое било соборено од руските сили.

„На 26 декември, околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром Енгелс во Саратовската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на падот на остатоците од беспилотното летало загинаа тројца руси од техничкиот персонал кои се наоѓаа на аеродромот.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород