Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ денеска придружуван од норвешките вооружени сили стигна до главниот град на Норвешка, Осло, каде ќе престојува до вторник.
Носачот потоа треба да учествува во вежби со норвешката армија.
Норвешката армија објави дека „дава единствена можност за понатамошно развивање на соработката со најважниот сојузник, САД“.
USS Gerald R Ford aircraft carrier enters Norway.#USSGeraldRFord #warcraft #US #Nato #Norway pic.twitter.com/KNppwRSJM1
— CARINA (@djcarinamusic) May 24, 2023
Бродoт на нуклеарен погон влезе во фјорд во близина на Осло, придружуван од чамец со вооружен екипаж. Норвешката војска нареди сите пловни објекти да се држат на половина километар подалеку од носачот на авиони, а летовите се забранети над таа област.
Норвешката јавна телевизија го пренесуваше во живо пристигнувањето на бродот, кој е во прва посета во странство. Се користи од 2013 година, а е опишан како најголемиот носач на авиони во светот.
Руската амбасада во Осло соопшти дека „ваквите демонстрации на сила се нелогични и штетни“.
Односите меѓу Осло и Москва, кои имаат граница од 198 километри на Арктикот, се затегнати поради руската инвазија на Украина.
Американската морнарица на почетокот на мај објави дека „Џералд Форд“ тргнал од Норфолк, Вирџинија на своето „прво борбено распоредување“.
Тоа е првиот брод од новата класа американски носачи на авиони, а уште два се во изградба. На бродот има 2.600 морнари, 600 помалку од претходните генерации на американски носачи на авиони.