Силно торнадо синоќа ги погоди руралните области покрај реката Мисисипи во американската држава Алабама.
🚨🚨 TORNADO EMERGENCY intensifies.. — Massive tornado on the ground for over 30 minutes! This is very wide tornado capable of major damage outside — Possibly headed to Yazoo City..
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) March 25, 2023
Според извештајот на Националната метеоролошка служба, во торнадото загинаа седум жители на државата Мисисипи, уништи многу згради и оневозможи електрично снабдување во одредени региони.
Бурното време донесе и град со големина на топчиња за голф во неколку сојузни држави во јужниот дел на САД, поради што властите издадоа „опасност за животите на луѓето“, пренесува АП.
Националната метеоролошка служба потврди дека торнадото предизвикало значителна материјална штета во област на 96 километри североисточно од Џексон, Мисисипи.
Градовите Силвер Сити и Ролинг Форк претрпеа штета од торнадото, кое продолжи да се движи североисточно со 70 милји на час без да ослабне, кон Алабама во правец на Вајона и Амори.