ВИДЕО: Најмалку тројца мртви и 213 повредени во земјотресите во Хатај

Од:

Најмалку тројца мртви и 213 повредени засега е билансот по двата силни земјотреса што денеска ја погодија провинцијата Хатај во Труција соопшти турскиот министер за внатрешни работи.

Спасувачките екипи се на терен во обид да извлечата луѓе од под новите урнати објекти.

На социјалните мрежи се појавуваат се повеќе видеа кои ја прикажуваат силата на земјотресите, но и паниката кај населението кое пред две седмици ги преживеа разорните земјотреси кои однесоа повеќе од 40 000 жртви само во Труција.

Потресите беа почуствувани во Либија, Ирак, Палестина и Сирија. Во делови од овие земји населението излезе на улиците во паника.

АФАД издаде предупредувања во кои ги повикува граѓаните да ги избегнуваат крајбрежните области како мерка на претпазливост од ризикот од пораст на нивото на морето, кое може да достигне и до 50 сантиметри (1,6 стапки).

Турскиот потпретседател Фуат Октај ги повика граѓаните во регионот да се држат настрана од оштетените згради додека властите ги скенираат погодените области.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски