(ВИДЕО) Најмалку 50 повредени во земјотресот во Турција: Искршени автомобили, испукани ѕидови и прекини на струја

Од:

Најмалку 50 лица се повредени во земјотресот со јачина од шест степени што ја погоди западна Турција.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека 33 повредени веќе се пуштени од болниците. Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

МВР соопшти дека засега нема извештаи за загинати или поголеми штети, иако на социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа значително тресење и неколку искршени автомобили на автопатот, пренесува „Јутарњи лист“.


Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, додава EMSC.

Според турската Агенција за управување со вонредни состојби (АФАД), која забележа јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, епицентарот на земјотресот бил во Гољак, област во северозападната провинција Дузче.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски