(ВИДЕО) Најмалку 10 експлозии во Киев

Од:

Најмалку десет експлозии се слушнаа денеска во центарот на главниот град на Украина, Киев, набргу откако украинските власти предупредија за нов голем ракетен напад од Москва врз Украина.

Додека сирените за воздушен напад се огласија низ целата земја, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека една од експлозиите се случила во реонот на станбени згради во областа Соломјан и дека имало експлозии и во два други делови на градот.

„Според првите податоци, едно лице загина во областа Соломјан. Неколку лица се повредени“, рече тој.

Тој на Телеграм напиша дека еден од повредените е јапонски новинар. Тој не кажа што ги предизвикало експлозиите.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков