ВИДЕО: На листата на најбезбедни држави на светот, Македонија на 79. место

Од:

Секоја година, започнувајќи од 2007 година, Институтот за економија и мир (ИЕП) прави листа на 162 држави од светот. Врз основа на бројни параметри, се добиваат резултати, за тоа кои држави се најмирни, односно најбезбедни за живот.

Степенот на криминалот, односот со соседните држави, терористичките напади, самоубиствата, како и атомското оружје се неколку од параметрите според кои се прави листата.

На листата од 2013 година Македонија се најде на 79-то место, Србија на 62, Хрватска 28, Црна Гора на 73, а Босна и Херцеговина на 71 место.

mkd79bezbednos

Гледано по регионите и континетните, од првите 20 држави кои што се најбезбеди, дури тринаесет се европски, па може да се заклучи дека Стариот континент е најбезбедно место за живот.

Ова се десетте најбезбеди држави:

1.Данска

kopenhagen-luka

Данците се сметаат за пријателски настроен народ, кој избегнува конфликти. Познато е и дека тие, во текот на Втората светска војна, кога биле под нацистичка окупација, не се спротивставувале.

Луѓето кои што живеат таму се насочени кон економијата и се исклучително отворени.

2. Норвешка

Hammerfest

Норвешка го зазеде второ место на оваа листа, а познато е дека владата во Осло секогаш го нагласува мирот како апсолутен приоритет на државата.

Сепак целиот свет се уште го помни стравичното случување од 2011 година, кога Андрес Брејвик на островот Утоја, уби 77 луѓе.

3. Сингапур

Singapur-1

Од независноста во 1965 година, Сингапур се фокусираше на фактот дека е мала држава, опкружена со многу поголеми соседи, со кои сака да има добри и мирни односи.

4. Словенија

Slovenija-CeljeStari-grad

Поранешната република на СФРЈ, се наоѓа во врвот на оваа листа. Причините се затоа што е држава која што има мал број припадници на полициските и безбедносните служби, како и ниско ниво на криминал.

5. Шведска

Stokholm-670x439

Иако Шведска е еден од најголемите извезувачи на оружје во Еропа, државата има ниско ниво на кражби. Исто така, оваа држава дури два века не учествувала во војна.

6. Исланд

Иако исландските банки имаа целосен неуспех пред неколку години, државата повторно „се врати на нозе“. Покрај тоа, Исланд е место со неверојатна природна убавина.

7. Белгија

Briz-Belgija

Во Брисел е седиштето на органите на НАТО и ЕУ. Важно е да се напомене дека бројот на убиства во затворите е на исклучително ниско ниво.

8. Чешка

По распадот на Чехословачка, Чешка се фокусираше на создавање силна капиталистичка економија, како и стабилна клима за инвестиции.

9. Швајцарија

Државата има функционална влада и отворена политичка култура. Исто така забележително е и ниското ниво на криминал.

10. Јапонија

И покрај големиот број на самоубиства, Јапонија сепак се најде во десетте најбезбедни држави, пред се поради својата економија, која е трета во светот. Од Втората светска војна, Јапонија е мирна држава, со низок степен на криминал.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген