Бизарен инцидент се случи во Демократска Република Конго кога се урна пешачки мост додека службениците се подготвуваа да ја пресечат лентата за официјално да ја отворат.
Funniest video you will see in the internet today where a Bridge collapses while being commissioned in DRC Congo?
Welcome to Africa pic.twitter.com/PTVoh01LXg— Omwamba ?? (@omwambaKE) September 6, 2022
Овој инцидент во централноафриканската држава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, дополнително доведувајќи го во прашање квалитетот на изградбата.
Според извештајот на iHarare, настана метеж откако тесниот пешачки мост се урна за време на неговото отворање.
Овој пешачки мост беше изграден за да им помогне на локалното население да ја премине реката за време на дождливите месеци, бидејќи стариот импровизиран мост често се кршеше и предизвикуваше луѓе да загинат за време на поплави.