Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Од:

Шест работници се водат за исчезнати по уривање на мост во Балтимор и се претпоставува дека се мртви, изјави извршниот директор на компанијата која вработуваше градежни работници на мостот.

– Освен нив, едно лице е неповредено, а другото е во болница во многу тешка состојба, изјави началникот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас.

Метален мост на реката Потапско во американската држава Мериленд, долг 2,6 километри, речиси целосно се урнал кога голем сингапурски товарен брод удрил во еден од неговите столбови.

– Бидејќи бродот брзо се движеше кон мостот, властите немаа доволно време да ги спречат сите автомобили да го преминат мостот, но сепак многу помогнаа, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур.

Би можело да ве интересира

ФБИ отвори кривична истрага за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

ВИДЕО: Откриена причината за ударот на бродот во мостот во Балтимор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Извлечени двајца, се трага по останатите жртви од мостот во Балтимор