Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Од:

Aудио снимка открива како претставници на транспортната управа во Мериленд го блокирале сообраќајот на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во последен момент само неколку моменти пред да се урне. Така, изјави вчера градоначалникот на Балтимор, со што била спречена многу поголема катастрофа.

Речиси целиот мост долг 2,6 километри се урнал за само неколку секунди откако во него удрил контејнерскиот брод Дали, кој пловел под знамето на Сингапур.

Дали, да потсетиме, останал без струја и погон веднаш по испловувањето од пристаништето Балтимор, за што била известена управата за транспорт во Мериленд.

„Мораме да го запреме целиот сообраќај, од двете насоки“, вели полицаецот на драматичната снимка објавена од Одделот за транспорт во Мериленд.

Веднаш по прекинот на сообраќајот, на аудио снимката се слуша како полицајците зборуваат за работниците кои останале на мостот.

„Целиот мост само се урна“, вели гласот на диспечерот набргу потоа.

Градоначалникот на Балтимор, да потсетиме, вчера изјави дека полицајците кои го блокираа сообраќајот на мостот пред несреќата се херои.

Би можело да ве интересира

ФБИ отвори кривична истрага за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

ВИДЕО: Откриена причината за ударот на бродот во мостот во Балтимор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Извлечени двајца, се трага по останатите жртви од мостот во Балтимор