ВИДЕО: Момче во Чикаго уби двајца тинејџери откако го прашале колку е висок

Од:

Момче од американскиот град Чикаго беше обвинет за убиство на двајца тинејџери, откако го прашале колку е висок, соопштија локалните власти во американскиот град.

Лирој Бател (19) пукал со пиштол кон 17-годишниот Џесен Францис и 16-годишниот Чарлс Рајли, кои се враќале дома од локалната продавница за слатки.

Тие претходно имале кратка средба со осомничениот.

Заменик-началникот на полициската станица во Чикаго соопшти дека тинејџерите го прашале осомничениот за неговата висина, бидејќи најверојатно и тие сакале да бидат толку високи кога ќе бидат на негови години.

Францис бил застрелан во грбот, градите и левата рака, додека неговиот другар Рајли во пределот на грбот и левата нога. Лекарите од Здравствениот центар во Чикаго констатирале смрт веднаш по нивното донесување.

Во Чикаго само изминатата недела биле убиени 13 лица во улични престрелки.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка