ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

Од:

СУД во Иран осуди млад човек и негова девојка на по 10 и пол години затвор, откако објавија видео на социјалните мрежи како танцуваат во близина на плоштадот Азади во Техеран, објави вчера новинската агенција за човекови права.

Парот, кој беше уапсен на 1 ноември минатата година во нивниот дом по објавувањето на видеото, добија и двегодишна забрана за користење интернет и напуштање на земјата, пренесува Ал Арабија.

Астијаж Хагиги и Амир-Мохамед Ахмади, и двајцата во раните 20-ти години, се обвинети за „ширење корупција и порок“, „собирање и договарање со намера да ја поткопаат националната безбедност“ и ангажирање во антирежимска пропаганда. Пресудата ја донесе Револуционерниот суд во Техеран на чело со Аболкасем Салавати, озлогласен судија познат по тоа што изрекува строги казни за поединци кои се сметаат за закана за Исламската Република.

Активистите на новинската агенција за човекови права објавија дека на парот му било одбиено правното застапување во текот на судската постапка, повикувајќи се на извор близок до семејството на Хагиги. Иранските власти не го коментираа случајот, а пресудата дојде во време кога владата се обидува да ги задуши повеќемесечните антирежимски протести кои започнаа по смртта на иранката Махса Амини на 16 септември.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава