Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера.
Научниците претходно објавија дека 2023 година е најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но студијата во списанието Nature сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги поместија летните максимуми многу над она што е забележано во два милениума.
„Не треба да бидеме изненадени од тоа“, изјави водечкиот автор на студијата Јан Еспер за АФП.
„За мене тоа е само продолжение на она што го започнавме со ослободување на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување“, рече Еспер, професор по климатологија на германскиот универзитет Јоханес Гутенберг.
Научниците користеле податоци од годови од дрва од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век од нашата ера и 1850 година, пред појавата на современите инструменти.
Конзервативната проценка покажа дека 2023 година била најмалку 0,5 степени Целзиусови потопла од најжешкото лето на северната хемисфера во тој период, кое било во 246 година од нашата ера.
Инаку потопло беше за дури 1,19 степени.
Коавторот на студијата Макс Торбенсон им рече на новинарите дека 25 од изминатите 28 години ги надминале летните пикови од 246 – најтопла пред да почнат современите температурни рекорди.