Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд и ретки грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови, според УХМР, следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Процесите, како што најавуваат, ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Би можело да ве интересира

Жешкото време продолжува, промена на временските услови од среда

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Денеска сончево и топло до 38 степени

Нов топлотен бран ја погоди Европа

Денеска до 39 Целзиусови степени