Сончево и топло, максималната температура до 41 степен

Од:

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од денеска и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

– За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска до 39 Целзиусови степени

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Рекордна топлина во Франција: Возовите се откажани, а алкохолот е забранет

Денеска сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи

Денеска сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот