ВИДЕО: Милиони луѓе ќе умрат во неколку часа ако дојде до нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО

Од:

Во рок од само неколку часа, милиони луѓе ширум светот би загинале доколку избие нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО. Барем така тврди симулацијата План А создадена од истражувачите од Принстон.

Симулацијата првично беше подготвена за изложба во галеријата Бернштајн во Принстон во 2017 година, а беше поставена на YouTube во 2019 година.

На почетокот имаше голем интерес за таа симулација, но бројот на прегледи се намали до февруари годинава, кога Русија започна операција во Украина.

Симулацијата собра повеќе од милион прегледи на YouTube за тој краток временски период.

Алекс Глејзер, еден од креаторите на Планот А, сега изјави за Newsweek дека „ова е најсериозната криза со потенцијална нуклеарна димензија која ги вклучува Русија и САД/НАТО од крајот на Студената војна“.

Тој додаде дека ризикот од нуклеарна војна се уште се смета за низок.

„Криза како онаа со која се соочуваме во моментов често резултира со погрешна комуникација меѓу страните, што се влошува со фактот дека има многу малку активни линии на комуникација меѓу Русија и САД/НАТО“, рече Глејзер, вонреден професор на Принстон.

Планот А покажува како локалниот нуклеарен конфликт може многу брзо да ескалира во глобална катастрофа.

„Нашиот тим користеше независни проценки за моменталната положба на американските и руските сили, плановите за нуклеарна војна и цели за нуклеарно оружје“, рече Глејзер, додавајќи дека симулацијата вклучува податоци за моментално распореденото нуклеарно оружје, силата на оружјето и можните цели за специфично оружје. , како и редоследот на битката, кој проценува кое оружје на кои цели оди по кој редослед, во која фаза од војната и ја покажува еволуцијата на нуклеарниот конфликт.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски