ВИДЕО: Милион и пол луѓе протестираа за независност на Каталонија

Од:

Милион и пол луѓе, според полициски извори, се собраа на улиците на Барселона ,барајќи независност на Каталонија од Шпанија.

„Имаше 1,5 милион луѓе и сѐ протече мирно”, изјави портпаролот на полицијата.

Католонците се собраа под паролите „Каталонија, нова европска држава”, „Што навистина сакате“, „Слобода за каталонија“, барајќи независност од Шпанија, која е погодена со економската криза.
Реки од луѓе со каталонски знамиња, во црвена и жолта боја, дефилираа на улиците од каталонската престолнина Барселона на националниот ден на Каталонија.

Многумина од нив извикуваа зборови на осуда и обвинување дека Шпанија ги втурнала во криза.
„Што сакаат луѓето? Нова европска држава! Што сакаат луѓето? Независна Каталонија”, извикуваа граѓаните на Барселона.

Каталонците горди на својата различна култура и јазик, сѐ повеќе чувствуваат дека неповолно минуваат во односите во Мадрид, а нивниот регионален претседател сега бара право самите да ги одредуваат и трошат своите даноци.

„Мојата цел е да се постигне договор со централната влада во сферата на економијата и да се обидеме да ја заштитиме Каталонија, како и да ѝ дадеме на нашата земја инструменти за градење на нашата иднина, нашата национална иднина”, изјави каталонскиот претседател Артур Мас.

Тој јасно порача, доколку не се постигне договор во економијата „патот на Каталонија кон слободата е отворен”.

Каталонија, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, во шпанскиот бруто домашен производ учествува со 20 отсто, и затоа смета дека регионот ѝ дава на Шпанија многу повеќе отколку што добива.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина