Оскаровката Мерил Стрип ја поддржа Хилари Клинтон во трката за претседател на САД.
-Што е потребно за да бидете прва жена во било што? Потребен е силен карактер и емпатија. Хилари Клинтон ќе биде нашата прва претседателка. И таа ќе биде силна претседателка, порача познатата актерка на вториот ден од Конвенцијата на демократите во Филаделфија.
Нејзиниот жесток говор предизвика аплаузи и одобрување на демократите на конвенцијата на која последните денови имаше и непријатни моменти, пред се поради незадоволните поддржувачи на Берни Сандерс, противкандидатот во трката за номинација.
Хилари Клинтон стана првата жена кандидат за претседател на САД во историјата на таа земја, откако на конвенцијата на Деомкратската партија во Филаделфија ја освои официјалната номинација за Белата куќа.