Клинтон: Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени

Од:

Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени во Украина, изјави денеска поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон.

Во разговор со водителката на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, а за насилството врз жените во војната, Клинтон порача дека руските војници во Украина треба да бидат победени бидејќи „колку помалку руски војници има во Украина, толку помалку силувани и убиени жени“.

Таа истакна дека помошта за земјата теба да се зголеми за „Украинците да можат да го победат Владимир Путин”.

Таа кажа и дека „очигледен е сојузот меѓу Русија и Иран, со иранското снабдување со технологија на дронови со која во Украина се убиваат цивили”.

Клинтон го повика Израел да се вмеша и да го запре Иран да снабдува оружје на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ