Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон

Од:

Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда.

– Овој случај никогаш не требаше да биде покренат. Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на неговите правни барања. Ниту еден разумен адвокат не би го водел. Согласно политичката целисходност, ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше легитимно правно барање“, напиша Мидлбрукс во одлуката на 45 страници.

Трамп ја тужеше Клинтон, демократската кандидатка за претседател во 2016 година, тврдејќи дека таа и другите демократи се обиделе да ги наместат изборите со лажно обвинување дека неговата кампања е поврзана со Русија.

Мидлбрукс, кој беше назначен за судија во 1997 година од претседателот Бил Клинтон, го отфрли случајот во септември, нарекувајќи ја тужбата „политички манифест од двесте страници во кој се наведени неговите поплаки против оние што му се спротивставуваат“.

Во 2020 година, Трамп се повлече од претседателската функција откако беше поразен од демократот Џо Бајден, по што тој постојано изнесуваше лажни тврдења, зборувајќи за изборна измама.

Милијардерот најави дека ќе се кандидира на претседателските избори и во 2024 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Трамп: Го победив Бајден пред три дена, сега на ред е лажливата Камала Харис

Директорот на ФБИ откри нови детали за нападот врз Доналд Трамп

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Камала Харис обезбеди доволен број делегатски гласови за номинација и над 80 милиони долари за само 24 часа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта