Хилари Клинтон нема повторно да се кандидира за претседател на САД

Од:

Поранешната државна секретарка и кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон (74) изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател.

– Не, нема да се кандидирам. Но, ќе направам сè што можам за да имам претседател кој ја почитува нашата демократија, владеењето на правото и нашите институции, изјави таа за Си-Би-Ес.

Таа додаде дека Трамп не спаѓа во категоријата претседател што таа би ја поддржала и оти треба да биде „сериозно поразен“ доколку повторно се кандидира.

– Тој процес треба да започне во Републиканската партија. Покажете карактер, спротивставете му се на овој човек, рече Клинтон.

Трамп, кој ја победи Клинтон на претседателските избори во 2016 година, најави дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година, а анкетите покажуваат дека има добри шанси да биде републикански кандидат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хилари Клинтон го спореди Трамп со Хитлер: Тој ќе стави крај на демократијата во САД

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон

Ана Ололовска

Клинтон: Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени

Ана Ололовска

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот

Ана Ололовска

Поранешна соработничка на Хилари Клинтон обвини американски сенатор дека сексуално ја нападнал

Ана Ололовска

Хилари Клинтон се сомнева дека Трамп разговарал со Путин пред упадот на негови приврзаници во Капитол

Ана Ололовска