(ВИДЕО) Мелони збунета од дочекот во Париз: Макрон и се нафрли со прегратки и бакнежи

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ја пречека италијанската премиерка Џорџија Мелони пред Елисејската палата во Париз пред почетокот на конференцијата за поморски сообраќај во Ормутскиот теснец.

Видео од нивната средба набрзо стана вирално на социјалните мрежи, откако Макрон и Мелони разменија необична и малку незгодна прегратка пред камерите.

На видеото се гледа како Мелони излегува од службениот автомобил, а потоа Макрон ѝ се приближува, кој ја поздравува со бакнежи.

Мелони изгледа збунето, како да не очекувала толку страствени бакнежи од францускиот претседател.

Патем, Мелони и Макрон имаат долга историја на меѓусебна нетрпеливост. Најчестите пречки во нивните односи во претходниот период беа поврзани со прашањето за Украина, трговијата и односите со Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“