ВИДЕО: Меј остана заглавена во автомобилот кога одеше на средбата со Меркел

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска накусо беше оневозможена да излезе од автомобилот кога стигна на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, бидејќи се заглави вратата.

Како што јави Би-Би-Си, припадник на обезбедувањето на Меј се обидел да ја отвори вратата, но таа била блокирана. Сепак, по неколку обиди, тој успеа да ја отвори вратата.

Меј допатува на средба со Меркел во Берлин, пред да замине за Брисел на разговори со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, во пресрет на Самитот на ЕУ закажан за в четврток.

Британската премиерка на овие средби се обидува да го спаси постигнатиот Договор за Брегзит, откако вчера го одложи гласањето по него во Парламентот во Вестминстер, што беше предвидено за денеска. Портпарол на Меј денеска соопшти дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари идната година.

Меј изјави дека и се потребни „дополнителни уверувања“ во врска со границата меѓу Ирска и британската покраина Северна Ирска, со цел да обезбеди поддршка од пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Во пресрет на средбата со Меј, Јункер изјави дека не постои можност за преразгледување на договорот, нагласувајќи дека е изненаден од најавите на британската премиерка дека ќе се обиде да ги предоговори условите за Брегзитот.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите, додаде Јункер.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски