Два воза за големи брзини се судрија денеска во Шпанија, при што, според медиумските извештаи, загинаа најмалку 46 лица. Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија е прекинат, што го потврди и железничкиот оператор „Адиф“ (Adif).
BREAKING: Two high-speed trains collide near Toledo, Spain; multiple injuries reported https://t.co/vBwmEHW6JX
— BNO News Live (@BNODesk) October 28, 2026
– Сообраќајот на линијата за големи брзини Мадрид – Андалузија е прекинат по судирот на два воза, соопштија шпанските железнички власти на платформата „Икс“ (X).
Според извештаите, два вагони излетаa од шините и се превртеa во насипот. Како што пренесува весникот „Ел Паис“ (*El País*), несреќата се случи нешто по 9 часот по локално време. Судирот се случи на делницата меѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.
Владата стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Според извори од службата за итни случаи „112“, воз за големи брзини од типот „АВЕ“ (AVE) се судри со воз на компанијата „Ирио“ (Iryo), кој стоеше на пругата. Тие наведоа дека два вагони паднаа во насипот. Првичните сознанија укажуваат на тоа дека возот „АВЕ“ удрил во задниот дел од возот „Ирио“, при што два вагони од вториот воз излетаа од шините.
Шпанската влада почна да ги откажува настаните планирани за денеска, а политичките кандидати ги прекинуваат активностите поврзани со нивните изборни кампањи. Регионот Андалузија испраќа возила на брза помош и логистичка поддршка за да им помогне на настраданите во железничката несреќа.
Антонио Санз, регионален министер задолжен за претседавање, здравство и служби за итни случаи во Андалузија, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека на местото на несреќата се испратени медицински возила опремени за интензивна нега, како и возило за логистичка поддршка од Здравствената служба на Андалузија (SAS).
