ВИДЕО: Масовни протести во Париз поради забраната да се фотографираат полицајци

Од:

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Париз поради измените на Законот за национална безбедност, со кои се забранува да се фотографираат и снимаат полициски службеници.

Франција е вознемирена по неколкуте протести поради „Законот за национална безбедност“. Владата кон крајот на минатата година соопшти дека ќе го измени членот 24, по што следуваа демонстрации. Законот во неговата сегашна форма има намера да го забрани објавувањето на било каква фотографија или видео снимка со која полицијата се прикажува на начин кој се смета за злонамерен.

Прекршителите ризикуваат казна затвор до една година или максимална парична казна од 45 илјади евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина