Саудиската полиција ја уапси манекенката Хулуд затоа што се фотографирала во мини здолниште и кратка маица.
Манекенката предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи во Саудиска Арабија, откако беше објавно видео на кое таа се шета и позира на историската тврдина Ушајагер, облечена во кусо здолниште, кратка маица и патики.
Полицијата во Ријад издаде налог за нејзино апсење поради „непочитување и кршење на парваилата на Исламот“.
Саудиската државна телевизија јави дека девојката е уапсена под обвинение за „недолично облекување“.
Жените во Саудиска Арабија, без разлика дали се странски државјанки или Саудијки, треба да носат широки наметки кои ја прекриваат облеката.
Манекенката на снимката шета по напуштената историска тврдина во Ушајагер, село северно од Ријад во регионот Наџд, од каде потекнуваат некои од најконзервативните семејства во Саудиска Арабија. Снимката предизвика жестоки коментари на социјалните мрежи.
„Луѓето кои не ги почитуват правилата на Кралството ,е заслужуваат да живеат во него“, „Ова не е нејзина лична слобода“, „Очигледно дека сакаа да провоцира“ и „Ги прекрши правилата и сега мора да биде казнета“, се само некои од коментарите.