ВИДЕО: Мајка во Германија си ги убила петте деца, се фрлила под воз и преживеала

Од:

Германската полиција денеска наишла на сцената на едно од најужасните злосторства во поновата историја на земјата, кога во стан во градот Золинген ги пронашла телата на пет деца, убиени од сопствената мајка.

Децата имале меѓу една и осум години, соопшти полицијата, додавајќи дека единаесетгодишно дете, најверојатно уште едно братче на масакрираните деца, е најдено живо и здраво во станот.

Според пишувањето на германските медиуми, полицијата за нечуеното чедоморство наводно ја алармирала бабата на децата, која им кажала на локалните полицајци дека нејзината 27-годишна ќерка си ги убила петте деца и отишла во непознат правец со своето шесто дете.

„Билд“ пишува дека мајката подоцна се фрлила под воз во Диселдорф и дека со тешки повреди е префрлена во болница.

Портпаролот на полицијата во соседниот град Вупертал изјави дека телата се најдени во приватен дом во станбена зграда, без да изнесе повеќе информации за случајот.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Руски наредник уби командант и пет војници

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија